речник контакт

Социјалците повеќе нема да вадат документи од катастарот

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Велес компјутерски се поврза со катастарот па сега корисниците ќе немаат повеќе потреба од обезбедување документација од оваа државна институција. За ова новина, која велешани први ја воведоа во земјава тие добија признание од Министерот за труд и социјала

Петар Печков

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи  од Велес компјутерски се поврза со катастарот па сега корисниците ќе немаат повеќе потреба од обезбедување документација од оваа државна институција.  За ова новина, која велешани први ја воведоа во земјава тие добија признание  од Министерот за труд и социјала.

Така сега корисниците не ќе мора да плаќаат по 450 денари за обезбедување на потребните документи од  Агенцијата за катастар на недвижности на република Македонија. Корисниците за оваа новина се задоволни но потсетуваат дека се уште не ги добиле ветените пари кои минатата година во ноември ги платија за обезбедување на потребната документација од  катастарот а министерот им вети дека ќе им ги вратат парите.

Новина од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи -  Велес е што тие од неодамна парите ги исплатуваат преку трансакциона сметка. Тоа се однесува за социјалната парична помош, постојаната парична помош, помош за нега до друго лице, родителски додаток, детски и посебен додаток,  парична помош за лица од 18 до 26 години, цивилни инвалиди, еднократна парична помош за новороденчиња. Од Центарот потсетуваат дека кај нив има регистрирано десет лица кои добиваат цивилна инвалиднина, како резултат од повреди во војната и нивната помош се движи околу 60 илјади денари месечно.

 Во овој дел проблем е со обезбедувањето на  нови лични акрти за неподвижните лица, кои поради застој во МВР не можат да ги посетат дома и тие не добиле  биометриски лични карти. Поради тоа тие не можат да ги добијат и парите кои Министерството за труд и социјала им ги одобрило. Станува збор за околу 50-тина корисници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »