Петар Печков
Објавено: петок, 12 април 2013
Рајна Стојанова која како советничка од ВМРО-НП беше избрана во Советот на општина Велес, премина од коалицијата ,,Сојузот за иднината,, во коалицијата ,,За подобра Македонија,,. Таа на конститутивната седница, ги напушти колегите од листата каде беше изгласана, а седеше заедно со мнозинството советници. Оваа одлука таа ја оправда со желбата за подбора работа на велешкиот Совет.
Сметам дека со моето преминување кон мнозинството, Советот ќе има поефикасна и подобра работа а пред се во интерес на граѓаните и гласачите - рече Стојанова. Таа изминатиот изборен период на прес конференциите одржани од ,,Сојузот за иднината,, ја критикуваше власта за нејзината работа, за сега и таа да биде дел од неа.
Така Советот на Општина Велес сега има13 советника од коалицијата ,,За подобра Македонија,, и 10 од ,,Сојузот за иднината,, . Оваа постапка ја изненади опозицијата.
Немам никаков коментар бидејќи не сум контактирал со неа и ниту јас не знаев за нејзината одлука – изјави Благој Коларов од координаторот на СДСМ.
Tweet |