речник контакт

Спасен давеник, кој скокнал во Вардар па барал помош

Го спасиле тројца велешани, меѓу нив и градоначалникот

Петар Печков

Момче од велешкото село  Сливник, во неделата претпладне се обидело да си го одземе животот, скокајќи во реката Вардар, но откако почнало да се дави,  барал помош. Сведоци на настанот кој се случил на Мало мовче во 9,35 ч. биле бројни велешани, кои оделе или се враќале на  пазар.   25 годишното момче е спасено, откако се фрлило во надојдената  река.      

Момчето стоеше на оградата и скокна во реката,  во делот близу  кејот. Откако скокна, почна да плива и да бара помош. Притрчаа тројца велешани и  го извадија од водата - вели велешанка сведок на настанот.   Прв притрчал и давал помошт, поранешниот одбојкар Златко Жабев.

Тој мавташе со рацете, бараше помош, беше блиску до кејот. Влегов во реката и почнав да го вадам, од водата. Дотрча  и градоначалникот Чадиев и уште еден сограѓанин - објаснува Жабев.   Од бројните минувачи, свеодци на обидот на момчето да си го одзеде животот, бил и првиот човек на градот.  И тој несебично со Стевен Мишев  и Жабев го извадиле  давеникот од реката.

Човечки беше да помогнеме. Заедно со останатите двајца сограѓани, помогнавме најмногу што можевме, го вадеме од  реката. По положивме на страна, беше многу возенмирен, дојде Итната помош и го  пренесоа за Болница - изјави Славчо  Чадиев.   Местото од Мало мовче, од каде скокнало момчето  е високо  пет метри. Но имал среќа што поради високиот водостој, нема никави скршеници или повреди.   

Лицето кое беше донесено во бесвест се обидело да си го одземе животот, со скокање во реката.  Од поради ладната вода имаше хипотермија, среќна околност е што не вдишал вода. Прегледан е снимен, скрешеници нема, по  некое време се освести, му се врати телесната температура. Во стабилна состјоба е, контактибилен, надвор од животна опасност,  ја следиме неговата состојба, тој е на интензивна нега   - изјави дежурниот анестезиолог д-р Димче Бошковски.

Мотивите зошто момечто скокнало засега се непознати.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »