Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2026
Средата вечер велешанец спасил сограѓанин да не биде прегазен од воз, на преминот кон Дворови за музичкото. Според малкуте сведоци, се се случило брзо и малкукумина го виделе настанот.
„Беше околу 19,10ч. рампaта беше спуштена, доаѓаше воз, подоцна видовме дека е патничкитот за Гевгелија. Тука двајцата вработени во ЈКП Дервен и возилото кои собираа смет. Едниот од нив скокна и го држеле човекот кој незнам како и зошто ја мина рампата и преминуваше а возот беше на неколку метри. Спасителот цврсто го стегна во прегратки и не го пушташе се додека возот не замина. Машиновозачот свиреше кога минуваше возот“ – вели сведок.
По проверката таа вечер на работа во овој дел на градот, кој собирале смет бил Ферхан Зекиров, вработон во РЕ Комунална хигиена. Тој само кратко објасни декa настанот се слулчил.
„Додека се завртев кгоа го собирав ѓубрето, видов човек кој беше на преминот а возот беше веќе стигнал. Го фатив и не дозволив да мине. Беше отсутен. Откао возот помина го пуштив, тој заимна. Не знам дали беше свесен што се случуваше“ – кажа Ферхан.
Настанот не е пријавен во полиција ниту во брзата помош.
| Tweet |





