Петар Печков
Објавено: недела, 14 јуни 2015
Овој викенд македонскиот репрезентативец Љубомир Спасиќ учествуваше на финалната трка од К-1 Евро купот, која се возеше во Цеље. По првото возење беше 19-ти а на второто заврши како 14-ти од 24 натпртеварувачи и за една секунда му избегал пласманот во финалето.
Претходно Спасиќ возеше трка од Европскиот куп во Бихаќ, каде во дисциплината класик го зазел 7-то место а во спринт 6-тото место.
Спасиќ продолжува со натпреварите но во повисок ранг. Следат две возења во Светскиот куп. Следниот викенд вози во Словенија на Соча, во Трново Бовец.
Сите овие трки се со цел што подобро да се подготви за СП кое во септември ќе се одржи во Лондон на олимписката патека, кое ќе биде и квалификации за Олимпијадата во Рио.
Tweet |