Петар Печков
Објавено: недела, 17 јуни 2012
Велешанецот Љубомир Спасиќ кој вози за КК Илинден, е победник на натпреварот во кајак на диви води „Велес опен 2012“ што се одржа викендов во Велес. Второпласиран беше кандидатот за Олимпијадата Атанас Николовски, а третото место му припадна на Игор Стефановски (КК Вардар).
Во дисциплината К1 кај дамите ид тру учеснички победничка беше Христина Бабунска (КК Вила Зора).
Во дисциплината Ц1, во која имаше двајца натпреварувачи, победи Роберт Папазов (КК Вила Зора).
На „Велес опен 2012“, натпреварувањето во кајак на диви води учествуваа вкупно 30 македонски натпреварувачи.
Tweet |