Петар Печков
Објавено: вторник, 02 јуни 2015
Изминатиот виекнд во Лајпциг се одржа ЕП во кајак слалом на диви води. Тројцата македонски репрезентативци во К-1 завршија во елиминациите. Меѓу нив беше и велешанецот Љубомир Спасиќ, кој по првата трка беше 45-ти а во втората 31-ви.
По првата трка од 57 учесника, Атанас Николовски беше 42-ри, а Огнен Бражански беше 47-ми. Во втората трка, каде возеа 37 кајакари, Николовски беше 22-ри а Бражански 32-ри. Со постигнатите времиња тие не се пласираа меѓу првите 30 кои учествуваа во финалната трка. Европски првак стана Французинот Борис Нуво.
Македонските кајакари, Спасиќ, Николовски и Бражански, воезеа екипно во 3хК1, каде од 15 селекции, Македонија го зазеде 12-тото место а златото го освои Германија. Следниот голем настан е Светското првенство кое ќе се одржи во септември на Олимписката патека во Лондон, кое воедно е и квалификација за Олимпијадата во Рио догодина.
Спасиќ овој викенд настапува на ЕП во кајак спуст, кое се одржува во Бања Лука, каде ќе настапи во две дисциплини класик и спринт. Потоа ќе учествува и во неколку трки од Европскито куп, во Бихаќ и Цеље.
Tweet |