Петар Печков
Објавено: четврток, 28 март 2024
Шест филма следните седум дена на репертоарот на 3 киноверзум, до следната среда. Три се премиери
Премиера на спектаклот „Годзила и Конг,новото царство“. Двајца антички титани, Годзила и Конг, се судираат во епска битка додека луѓето го откриваат своето испреплетено потекло и поврзаноста со мистериите на Островот на черепот.
Американската драма, трилер, „Мајчински инсинкт“ е исто така премиера. Алис и Селин живеат традиционален начин на живот со успешни сопрузи и синови на иста возраст. Совршената животна хармонија ненадејно се нарушува по трагична несреќа. Вината, сомнежот и паранојата се комбинираат за да ја разоткријат нивната сестринска врска.
Третата премиера е анимираниот „Рели на патот на свилата“. Тркачите се натпреваруваат на рели со високи влогови по познатата трговска рута на Патот на свилата.
Хоророт „Бегхед“ е за млада жена која наследува запуштен паб и открива мрачна тајна во неговиот подрум - Бегхед - суштество што ја менува формата, што овозможува да разговарате со изгубените сакани, но не без последици.
Српскиот филм „Јорговани“ ги полни кино салите во регионот, трета неделе е пред велешани. Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и позадината на филмската и телевизиската индустрија во Србија ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.
Меѓу најгледаните филмови во светот треата седмици по ред е цртаниот „Кунг фу панда, 4 дел“. Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство.
Tweet |