речник контакт

Список на земји во кои ќе има работа во 2011 година

Доколку сакате да најдете вработување во 2011 треба да отпатувате во Индија, Кина, Тајван или Бразил.

Петар Печков

Овие четири земји ќе имаат најмногу потреба за работна сили во новата година, покажаа резултатите од истражувањето кое опфати неколку илјади менаџери за човечки ресурси во светот.

Токму во првото тромесечие во 2011 година перспективите во поглед на вработувањето во овие земји се повеќе од ветувачки: 42 отсто во Индија и 40 отсто во Кина каде особено се чувствува недостиг на работна сила во фабриките.

Платите во најмногубројните земји на светот оваа година нагло пораснаа и Кина се соочува со се поголема конкуренција од соседните земји.

Во Бразил, кој бележи седум отсто раст на внатрешниот бруто производ, само во текот на претходната година отворени се 1,5 милиони работни места.
Милијардеот Еике Батиста, најбогатиот човек во Бразил, изјави за американската ТВ мрежа Си-Би-Ес дека е приморан да вработува американски заварувачи на своите нафтени платформи.

Според истражувањата кои ги спроведе Manpower, 47 отсто нови работни места ќе бидат отворени на американскиот континент, 24 отсто во осум азиски и пацифички земји, а 29 отсто во Европа, Блискиот Исток и Африка заедно.
На списокот на 10 топ места за вработување се уште и Турција, Сингапур, Австралија, Хонг Конг, Перу и Костарика.

Текстот е преземен од списанието Форбс

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »