Петар Печков
Објавено: среда, 01 декември 2021
Спласна одѕивот за вакцинација за заштита од корона вирусот во велешко, откако Владата се откажа од најавените рестрикции за не вакцинираните.
Ако минатата седмица имаше скок, оваа, за периодот 22.11-28.11 има вкупно 47,9% или незначително зголемување, споредено со пред седум дена. Ова е за возраст над 12 години, опфат кој се воведе од почетокот на месец ноември.
Во статистички показатели на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од оваа недела повторно се враќа и категоријата +18, тука има одѕив од 52%. Има и уште една категорија, ново воведена во табелата на ИЈЗ која е за сите возрасти или вкупна популација и тука процентот во велешко е 41,6 отсто.
Најмногу вакцинирани според сите три возрасни категории има во Охрид, Кавадарци, Неготино, потоа следат Ресен, Берово,Крушево, Битола, Валандово...
На ниво на Македонија, опфатот за сите возрасти е 38,7, за 12 години и повеќе е 44,4 и +18 изнесува 48 отсто.
Tweet |