речник контакт

Спомен куќата на ОЗНА во Горно Врановци е затворена за јавноста

Спомен куќата на ОЗНА во велешкото село Горно Врановци е затворена за јавноста, заклучена и недостапна иако останатите четири кои потекнуваат од времето на НОВ се отворени за посетителите.

Петар Печков

Тие се во сопственост на Народниот музеј на Велес додека закатанчената куќа е во сопственост на МВР. Гостите кои го посетуваат извориштето на поновата македонска историја, селото Горно Врановци, се скратени од можноста да влезат во куќата во која во 1944-тата работела тогашната контраразузнавачката служба. 

Тоа  внесува забуна и реакции од посетителите, кои се чудат што тоа има во куќата, што таа не  е достапна за нив. Мистеријата на ова куќа, заштитените прозори, спокојот  кој ја опкружува, го привлекува вниманието за ретките посетители на историското село музеј.

  Ги посетивме сите спомен објекти, единствено не влеговме во оваа куќа, бидејќи е заклучена. Што е тоа што се крие од очите на посетителите и по толку години од реновирањето на објектот. И по толку време има ли нешто што е тајно и недостапно за јавноста во Македонија. ОЗНА и натаму е сочувана од очите на јавноста – реагираа војниците од велешкиот гарнизон Алексо Демниевски Бауман при посетата на Горно Врановци.

Малата еднокатна куќа е загадена со висок ѕид, па така и нејзиниот лик е комплетно скриен од погледите на гости кои доаѓаат во селото.  Ова лето, како и претходните, во родното село дојдоа многу македонци иселеници од Турција, и тие се изненадени што не можат да влезат во овој музеј.

Секое лето доаѓам во селото каде се родив, да го посетам родното огниште. Со мене се и моите деца и внуци па ги шетам по овие куќи каде е пишувана македонската историја. За жал и по 25 години од нивното отворање, куќата на ОЗНА е заклучена. Зошто е така не знам, но знам дека во времето во кое живееме тоа е необјасниво и нелогично, има ли нешто што се крие и по толку минати години од завршувањето на НОВ – вели Исмет Незири кој живее во Измир, каде  се иселиле поголем дел од турците кои живееле во селото Горно Врановци.

Од велешкиот музеј објаснуваат дека во нивна сопственост се спомен куќите на главниот штаб на НОВ, Централниот комитет, Президумот на  АСНОМ и печатницата на "Нова Македонија",  додека таа на ОЗНА била во сопственост на МВР, откако тие биле реновирани. Тие се грижат за четирите куќи, гои одржуваат, имаат двајца вработени кои ги отвораат куќите за посетителите.

Во  ова село Горно Врановци, во еден период од НОВ, во 1944 година, била сместена  тогашната  извршната власт и од тука Радио Скопје започнало да ја емитува сопствената програма а во селската џамија била сместена Болницата. По тој повод  реновираните куќите се отворени на 11 октомври 1984-та година од тогашниот член на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов, кој е единствениот политичар кој досега го има посетено Горно Врановци и спомен музеите.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека музејот на ОЗНА е затворен за јавноста, но во него нема ништо што се крие од јавноста.

Спомен куќата  не е во функција и во неа нема што да се види значајно, па таа е затворена за посетители. Доколку било која институција  смета дека овој објект и е потребен, може да се обрати и  да го дадеме тие да управуваат со него и  да биде отворен за посетителите – изјави Иво Котевски портпарол на МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »