Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2010
Со ова обележје Каров и бугарите во Македонија сакаат да го одбележат делото на овој револуционер, за кој меѓу македонските историчари има поделено мислење за неговото историско значење.
- Велат убивал Ванчо низ Македонија а кого тоа убил. Дали кралот Караѓорѓевиќ е македонец, дали Прелиќ е македонец или тројниот шпион од Пловдив, Тодор Паница. Видите кој крева врева против Тодор Александров и Ванчо Михајлов. Луѓето кои до 1990-та се декларира југословени, сега стана а преку ноќ најголеми македонци, тие креваат прашина. Затоа в недела поканив македонски и бугарски историчари, нека дебатираат нека го анализират животот на овие двајца дејци, дали се позитивни или негативни личности. Јас сум бугарин кој живее во Македонија. Кој како сака нека се чувствува, но нека ми дозволи и јас да бидам тоа што сум – изјави Драги Каров.
За неделниот настан тој ги поканил бугарскиот и македонскиот претседател, премиерите, претставници на власта и опозицијата од двете земји, сите амбасадори во Скопје. Поради безбедност на гостите кои ќе дојдат од Бугарија и од Македонија, тој побарал и МВР да превземе мерки за одржување на јавниот ред и мир. Споменикот на Ванчо Михајлов бил изработен во Македонија, вредел околу илјада евра, тежок бил стотина килограми. Ќе биде поставен во дворот на семејната куќа на Каров а по свеченоста, вечерта дислоциран на терасата од куќата, до Тодор Александров чиј споменик беше откриен на 1-ви март 2008-та година.
Tweet |