Петар Печков
Објавено: петок, 13 април 2018
Споменикот на таткото на модерна Турција во знак на пријателство со граѓаните на Каршијака и Репубика Турција ќе биде поставен во паркот Каршијака, веднаш до Ликовниот салон. Споменикот е висок три метри. Со ова е потврдена претходната одлука на локалната валст, каде да стои овој споменик, донација од Каршијака.
Градоначалникот Аце Коцевски и двајца уметници од градот, Живко Пренџов и Илчо Стојановски, разгледувајќи ги можните локации се одлучиле да биде поставен во паркот до Ликовниот салон. Споменикот е подарок од братската Општина Каршијака од Турција и беше предвидено да биде поставен во овој парк, но неколку години стоеше во депо во Против пожарната единица.
На последната седница на Советот на Општина Велес, на прашање од Пандорка Лазаровска Прличкова- до каде е состојбата со споменикот на Атарук кој требаше да се постави во паркот Каршијака, Коцевски одговори:
Неодамна дознав дека е во пакети, на делови во Противпожарната единица. Димензите биле преголеми за да биде поставен во паркот Каршијака и се надевам дека со турската заедница во градот ќе најдеме соодветно решние. Атарурк е значајно име во светската историја и Велес треба да биде привелигиран да поседува таков споменик- рече Коцевски.
Турците подоцна, откако поради големината на споменикот не беше поставуван, испратиле и биста на Ататурк. За возврат тие треба во овој град да постават споменик на Кочо Рацин.
Tweet |