Петар Печков
Објавено: вторник, 06 февруари 2024
Велес е рангиран на петтото место според можностите за здравствена заштита на неговите жители. Пред него се Скопје, Битола, Штип и Кавадарци а после него се Тетово, Прилеп, Куманово, Охрид . Ова е според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
„Градот има добра мрежа на здравствени установи, освен пунктови на село. Има добра екипираност со лекари и специјалисти, но мал број на здравствени работници во специјалистичко- консултативна дејност во секундарна здравствена заштита. Недостиг е и малиот број на расположливи болнички кревети според бројот на жители“ констатираа од ЦГК.
Според бројот на деца од претшколска возраст на педијатар, на врвот е Виница со 129 деца додека Велес е при дното 23 со 2434 деца на еден доктор специјалист. Ако е некаква утеха после него се Скопје, Прилеп и Охрид.
Според број на жени на една гинеколог Велес е 13 со 5.055 жени на еден доктор специјалист, а прв е Берово со 1388. Пред Велес се помали градови, додека зад него се поголемите, Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Прилеп,
Третата статистика е по бројот на жители на една матична ординација, каде на врвот е Делчево со 1112 пациенти а Велес е18 со 1758 граѓани на матична ординација.
Но останува фактот што доста рурални места како Извор, Богомила, Бузалково со две до три илјади жители, иако со одлични улови за постење на амбуланта, немаат доктор.
Tweet |