Петар Печков
Објавено: вторник, 21 декември 2021
Последните три месеци од годинава, спортската сала при средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ од Велес, беше домаќин на општинските и зонски натпревари од училишниот спорт.
„Според просторните и техничките условите кои се на високо ниво -загревање на салата, имање на семафор за официјални натпревари, современи реквизити за одбојка и кошарка, гардероби, посебен влез во рамките на протоколите предвидени за пандемијата на ковид-19, во спортската сала при училиштето се организираа општинските натпревари во кошарка и одбојка за машки за средно образование, потоа зонските натпревари во кошарка за основно образование и за одбојка и кошарка за средно образование“ - кажа Ангелче Гушев предметен професор по физичко воспитување.
Во рамките на овие пет турнири во спортската сала при училиштето спортуваа и се натпреваруваа повеќе од 200 ученици од Велес, Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран. Победници на зонски првенства организирани во спортската сала на „Коле Неделковски“ се- кошарка основно машки - ОУ Васил Главинов, кошарка средно машки - Гимназија Кочо Рацин, одбојка средно машки - Гимназија Кочо Рацин а кај девојките за одбојка е „Коле Неделковски“. Тие натпреварите ги продолжуваат на регионалните, кои се последниот филтер пред завршните републички игри.
Tweet |