Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2009
Дружење помеѓу различни возрасни и социјални групи е целта на манифестацијата „Спортски ден за сите, спортуваме за посреќно детство“ која се одржа на Градскиот стадион и Градскиот парк.
Учесници беа децата од градинките, учениците од основните и средни училишта, претставници на месните и урбани заедници, пензионерите и сите граѓани желни за дружење и кои сакаат да ги покажат нивните спортски квалитети. Учесниците, неколку стотина, се натпреваруваат во пикадо, шах, табла, домино, скок од место, тегнење јаже, фрлање камен од рамо, мал фудбал, хокеј на трева.
Со манифестацијата организаторите сакаат да ја подигнат свеста кај граѓаните за колективно дружење, спортување, рекреација. Таа имаше и хуманитарен карактер, бидејќи со купување на вредносни бонови од по 30 денари се донираа пари за Црвениот крст од Велес, наменети за децата од Дневниот центар за посебни потреби и за децата без родители сместени во згрижувачки семејства во градот.

Tweet |