речник контакт

Спортски игралишта во селата Бањица и Лисиче, Општина Чашка, донација на Полската амбасада (фото)

Проектот е во вредност од еден милион денари

Петар Печков

Жителите на селата Бањица и Лисиче, во Општина  Чашка,  добија спортски игралишта. Тие се донација од Амбасадата на Република Полска. Ова е втор проект кој амбасадата го реализира на територија на оваа општина. Првиот беше инсталирање на парно греење во Детската градинка.

„Изградено е мултифункционално спортско игралиште во селата Бањица и Лисиче. Посебно горд сум што се реализирани во селото Бањица каде е доминантно население од албанска етничка заедница, и  во Лисиче ладе доминантно е македонското население. Како  локална власт се грижиме да има баланс во развојот  подеднакво“- кажа градоначалникот Горан Стојановски.   

Проектот е  во вредност од еден милион денари, инвестиција на Полската амбасада во Скопје а во изградбата помогнала и Општина Чашка и ЈП Тополка.

„Двата проекти реализирани во Општина Чашка се насочени кон најмладите. За нас е битна соработка со општините. За нас најголемо задоволство од реализација на проектите, се насмевките на лицата од децата“- кажа  Војциех Тицињски, амбасадорот на Република Полска во Македонија.  

Претходно полскиот амбасадор бил  и во село Сирково, во Општина Росоман, каде изградиле тоалети во основно училиште, инвестиција од 12 илјади  евра, исто така на амбасадата на Република Полска.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »