речник контакт

Спортски игри на учениците со попречност од ОУ Васил Главинов, за собирање средства за спортски реквизити и пристапна рампа (фото)

Во Велес денес престојуваа членови на Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје, чиј домаќин беше градоначалникот Марко Колев

Петар Печков

На Градскиот стадион се  одржаа спортските инклузивни игри, на учениците со попречености од ОУ Васил Главинов. Мотото на настанот беше  „Јас сум суперхерој и јас можам“.

„Целта на овој настан е обезбедување на спортски реквизити за учениците со попреченост кои се потребни при реализација на часовите по Физичко и здравствено образование и адаптација на пристапна рампа на влезот на училиштето. Со овој настан сакаме да ја зголемиме јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост“- соопштија од ОУ Васил Главинов.
 
За таа цел на спортските игри присуствувале и неколку компании од Велес, чии вработени се дружеле со овие деца. Во ОУ Васил Главинов настава посетуваат 15 деца со попречности и тие се со најголем број во општината. Имаат двајца дефектолози и образовни асистенти, сензорна соба и други услови за настава на овие ученици. Досега веќе четворица ученици со попречености   поднеле документи да учат во прво одделение од есен од општинава во ова училиште.  

Свој придонес дадоа и волонтерите на Црвен крст Општинска организација Велес, кои  играа и се забавуваа заедно со учениците со попречености од ОУ Васил Главинов..

Настан беше реализиран во рамките на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ и истиот е поддржан од Здружението „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“.

 Истовремено во Велес престојуваа и членовите на  Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје,  чиј домаќин беше градоначалникот Марко Колев. Тие се дружеа со децата од велешкото Здружението на лица со церебрална парализа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »