речник контакт

Спортскиот центар Јане Сандански од Скопје најдобро архитектонско дело за 2014

Во конкуренција за награда за најдобро архитектонско дело, беше и велешкиот театар

Петар Печков

Спортски центар „Јане Сандански" е добитник на годишната награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2014 година, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Големата годишна награда на ААМ се доделува по 20-ти пат.

Автори на делото се  архитектите Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ од проектантската куќа „Радо Инженеринг“ . Претседателот на државата Ѓорге Иванов, како покровител на манифестацијата, им ја врачи наградата на овогодинешните добитници. Архитектите добија и авторски хонорар од Македонската авторска агенција. На распишаниот повик на ААМ пристигнале четири авторски труда што учествуваа во процесот на селекција на најквалитетното и најиздржано архитектонско дело.

При валоризацијата на реализираните проекти биле земени во предвид неколку критериуми, меѓу кои архитектонските квалитети, вклопеноста на објектот во локалитетот, неговиот волумен и функционалност. Како проектантска творба без негативни забелешки, архитектката Вера Ќосевска го издвои спортскиот центар „Јане Сандански“. 

Покрај спортскиот центар „Јане Сандански“, во трка за наградата оваа година беа и новиот објект на Министерството за финансии во центарот на Скопје, комплексот „Капитол мол и резиденс“ во населбата Аеродром и новото здание натеатарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинов“ во Велес.

Минатата година за најуспешно реализирано архитектонско дело беше прогласен објектот „Сектрон“ во скопски Капиштец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »