Петар Печков
Објавено: петок, 11 септември 2020
Спортските риболовци од ЗСР „Бабуна„ се вратија од титулите првак и вицепрвак на Македонија во лов на крап. Тие овен што ги освоија првите две места, победија и со улов на најголем крап на првенството.
Тоа се одржа продолжениот празничен викенд, од саботата до вторникот на езерото Паљурци, близу Богданци. Втората екипа на ЗСР Бабуна која се натпреваруваше под името СК Бајц победи а второто место во освои првата екипа на ЗСР „Бабуна“.
На Купот учествуваа 11 екипи. Победничката екипа беше во состав: Марио Бислевски, Ордан Петровски и Марјан Георгиевски додека второ пласираната екипа ја сочинуваа: Борче Тодоровски, Јован Начаров и Никола Петровски. На Купот најголемиот уловен крап во тежина од 11, 1 кг беше уловен од победничката екипа СК Бајц.
Натпреварите во лов на крап траат долго, овој на Паљурци беше 72 часа во континуитет. Екипите се распоредени на стартни места на брегот од езерото, се позиционираат со целосна опрема за риболов и за престој во природа- шатори, креветчиња за спиење, опрема за подготвување на храна. Еден натпреварувач лови, друг одмара, се менуваат. Уловената риба, крапот се враќа. Судиите на секој чест часа поминуваат, вршат мерење, по што уловената риба се враќа жива во вода. Ако крапот е оштетен, повреден или угинат, тогаш екипата се дисквалификува - Мартин Павлов, претседател на ЗСР „Бабуна„ од Велес .
Претходно беше одржан државниот Куп во лов на риба со јадица на пливка, на Тиквешко езеро. Таму екипата на ЗСР „Бабуна“ била четврта, во состав: Никола Џампалов, Ангел Тодоров и Тоше Петрушевски . Додека на државниот Куп за возраст У-15 велешките пионери победиле а била во состав: Давид Николов, Тоше Јакимовски и Петар Ангеловски, додека Давид Николов бил државен првак за У-15.
Tweet |