речник контакт

Сребрен медал за виното Шардоне на винаријата Стоби

Големо признание за вината на винаријата ,,Стоби,, на фестивалот во Франција

Петар Печков

 На 19-тиот меѓународен натпревар одржан во Шато де Реватис одржан во Франција, македонската винарија ,,Стоби,, освои сребрен медал.  На  фестивалот на најдобирите Шардоне вина од целиот свет, каде имало 908 мостри од 43 земји, виното на ,,Стоби,, добило сребрен медал. Тоа било оценка на 300 енолози, експерти за вино.

Ова е големо признание за квалитетот на нашите вина, за нашата производствена филозофија и за нашето поднебје и специфичните климатски услови за одгледување на винова лоза. Тоа е силен поттик да продолжиме со производството на врвни вина – вели директорот Дане Јованов директор на винаријата Стоби. Виното на Стоби ова награда да добило во конкуренција со произведувачи од Шпанија, Италија, Франција, Чиле, Австралија, Нов Зеланд.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »