речник контакт

Среда вечер премиерно ,,Спанаќ со пржени компири,,

Комедија со тројца актери, приказна за животот на фудбалски судии

Петар Печков

Велешкиот театар среда вечер, премиерно ќе ја прикаже претставата ,,Спанаќ со пржени компири,,. Тоа е праизведба на текстот на Унгарскиот  автор Золтан  Егреши    во Македонија и прва премиера од годишната продукција на театарот ,,Јордан Хаџи Константинво Џинот,,. Режијата  е на Ненад Витанов, а во претставата  настапуваат Жарко Спасевски, Фаик Мефаилоски и Владимир Тулиев како гостин  од штипски театар. ,,Спанаќ со пржени компири,,се најавува како урнебесна комедија, во која публика ќе се препознае во некој од ликовите. 

Претставата е современа комедија со одредени мелодрамски елементи, која ги третира осовременети проблеми на обичниот човек.  Во конкретниот случај тоа се тројца фудбалски судии, која го прати нивниот свет во текот на 90 минути додека трае еден натпревар. Иако можеби  првичен впечаток е дека темата е  фудбалот, темата е страста кон животот, страста кон љубовта, спротивниот пол, растежите и падовите. Имаме тројца судии, тројца ликови, секој со своја приказна,    секој на свој начин различни, со длабока емотивна приказна. Актерите со огромното залагање направија карактери, кои ќе одбележат еден дел од нивните кариери - изјави режисерот Витанов.

 Преводот  на текстот е на  Софија Ристевска   и Кети Борисовска, сценографијата е на Филип Коруновски костимографијата на  Александра Кринова Груев а изборот на музиката на режисерот Витанов. 

Во претставата има три лика,  преку кои се искажува суштината на животот, љубов, семејство и кариера. Беше интересно да се работи, оти мојот лик конкретно е спротивен на мене. Затоа беше предизвик, да се копа, црпи друга поразлична енергија што јас ја имам - изјави актерот Фаик Мефаиловски.  

Велешкиот театар ги има откупено авторските права за текстот, кој е игран на повеќе сцени во Европа. Според зборовите на уметничкиот директор на велешки театар Васил Зафирчев, претставата секаде има постигнато успех, а тој очекува дека и во Велес долго време таа ќе биде на репертоарот.   

 Јас го играм уметникот, кого љубовта го заслепува. Се што тој работи во животот,  го прави ненамерно од потреба да ја врати саканат . Се забавуваме додека ја подготвувавме претставата и уживавме,  како што се надевам дека ќе ужива и публиката - рече актерот Жарко Спасовски. Следната претстава по премиерата е закажана за  на  6-ти мај.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »