Петар Печков
Објавено: четврток, 22 декември 2022
Средата вечер во 22,48 часот на Северната хемисфера од планета Земја, стигна астрономски зимата. Таа ќе трае 89 дена и ќе заврши на 20 март 2023 година во 22:24ч.
Истовремено на Јужната хемисфера ноќеска дојде летото. Од денес, четврток, неколку дена денот и ноќта ќе бидат со исто времетраење за потоа денот да почне да расте.
Метеоролозите велат дека не` очекува врнежлива зима, со дожд и без многу снег. Ова се однесува на регионот на Западен Балкан кој ќе биде како и цела Европа под влијание на Ла Ниња.
Tweet |