Петар Печков
Објавено: вторник, 12 април 2022
Денес попладне се одржала средба на претставниците на СВР Велес и граѓани од левата страна, стариот дел на градот. Таа доаѓа по петицијата и реакциите кои граѓаните ги имаа од овој дел на градот, по како што велат зачестените кражби поради што тие се чувствуваат небезбедно.
На средбата граѓаните биле информирани за досегашните активности на полицијата и превземените мерки во поглед на расчистување на настаните поврзани со нив и превземените превентивни мерки во тој дел од градот. На состанокот биле презентирани досегашните резултати и поднесени кривични пријави од страна на полицијата до Јавно обвинителство Велес.
„Две лица осомничени за тешки кражби од денес веќе се наогаат во притвор и за истите се процесуирани неколку кривични пријави за извршени тешки кражби. Со цел брзо, ефикасно и навремено реагирање на полиција и фаќање на сторители на кривични дела од областа на имотни деликти на средбата беше потенцирано значењето од навремено и брзо информирање на полицијата од страна на граѓаните и меѓусебната комуникација, за што иницијативниот одбор издвои лице за координација и пренесување на информации за можни сторители на кривични дела во однос на тешките кражби во куќи и особено во напуштените куќи во тој дел од градот. Граѓаните побараа да продолжи веќе постоечкото засилено присуство на полиција во нивните населби“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Тој кажа дека присутните граѓани се заблагодариле на досегашната активност и соработка со полицијата и намалениот интензитет на кражби последните денови што резултира со веќе неколку расчистени случаи и откривањето на сторителите.
Tweet |