речник контакт

Средба на нотарите од Велес и претставници на Основен суд Велес, за оставинските предмети

Била разгледана состојбата со бројот на оставинските предмети, како бројот на новопримените, така и бројот на старите нерешени оставински предмети

Петар Печков

Oдржан состанок на претставници на Основен суд Велес со нотарите со седиште на подрачјето на надлежниот основен суд. Тема оставинските предмети и нивниот број.  

„На состанокот заеднички беше разгледана состојбата со бројот на оставинските предмети, како бројот на новопримените, така и бројот на старите нерешени оставински предмети  кои се доделени во работа на нотарите како повереници на судот.  Беше истакната потребата од продолжување на тенденцијата на решавање на предметите и совладување на приливот на оставинските предмети по кои постапуваат нотарите. Се разгледа и новонастанатата состојба со престанок на вршење на нотарска служба на нотар Елена Мартинова од Велес и бројот на предмети кои беа предадени во работа на друг нотар, а заради заеднички консултации околу објективна можност за решавање на предметите и совладување на приливот на овој вид на предмети, кој реално ќе влијае на ажурноста на судот во постапувањето, а особено заради краткиот период до крај на годината“ – соопштија од Основен суд Велес.

На работниот состанок присуствувале претседателот на Основен суд Велес Валентина Ѓорѓиевска, претседателот на граѓански оддел, судија Дара Арсова и нотарите Тања Аспорова, Елеонора Андреев, Магдалена Ордева, Душко Јованов, Анида Цецева и Радица Хаџи Петрушева Арсовска. Еден од нотарите регистрирани за работа на подрачјето на Основен суд Велес, поради здравствени причини не бил во можност да присуствува. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »