Петар Печков
Објавено: четврток, 03 ноември 2022
Во Велес престојуваше карванот на мобилниот парламентарен на кои присутните се здобија со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата.
Граѓаните кои беа на Сармаале, се сретнаа со пратениците од општината, (по азбучен ред) Игор Здравковски, Мухамет Кадриов и Ненад Коциќ. Тие разговараа со пратениците, поставуваа прашање, се интересираа за работаа. Имаше присутно граѓани и ученици.
„Моите контакти со граѓаните се секој петок, во просториите кои се во зградата на поранешен синдикат од 12 до 14ч. Тие доаѓаат, има голем интерес. Од тие средби ги црпам моите информации за одредени решенија, кои се нудат како Закони. Многу сум задоволен што по 11 години, заложбата која ја имав како екологист во ЕД Вила Зора за тешка загадувача индустрија, е реализирана и таа ќе биде 5 км надвор од заштитено подрачје“ - рече Коциќ.
На средбата присуствуваше и пратеникот Мухамет Кадриов од Горно Јаболчиште, кој исто така оствари средба со граѓаните.
„Контактите се индивидуална работа. Јас се сметам за отворен човек, и постојано сум во комуникација со граѓаните, без разлика на политичката припадност, бидејќи секој има проблем и секој смета дека ако допре до нас, може да му помогнеме. Некогаш не зависи дали имам формално отворен ден за граѓаните средби со граѓани, можам да се сретам кога можам. Петок е определен за средби со граѓаните, мојата канцеларија е во локалната власт. Доаѓаат често, најголем проблем се вработувањата, неизвесноста , малку се разговара за политиката за законите“ - кажа Здравковски.
ТрМр ги праша двајцата пратеници, Коциќ и Здравковски за нивниот став кон дивоградбите по течението на река Бабуна, проблем кој ги онеправдува граѓаните, кои се доведени во нерамноправна положба. Оти некои кои решиле да градат на диво, наспроти тие што го почитувале законот, сега имаат хациенди покрај реката и просторот е узурпирам и чeкаат и бараат легализација.
И Коциќ и Здравкоски беа прецизни децидни дека такво законско решение нема да поддржат, иако претходниот донесен Закон, зеднички исгалсан од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тоа го овозможуваше. Но откако претседателот Пендаровски не го потпиша, сега се работи на ново законско решение
Кампањата „Собрание за граѓаните“ се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија. „Програмата за парламентарна поддршка“ се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).
Tweet |