речник контакт

Средби со раководствата на училиштата и полицијата, за безбедност на учениците годинава

Средбите се во организација на отсекот за превенција при СВР Велес

Петар Печков

Одржана е координативна работна средба на претставници од СВР Велес со надлежните во средните општински училишта „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“.

Истата таква средба е одржана со надлежните во доменот на обезбедување во истите средни училишта. Целта е безбедност на учениците во текот на учебната година.

„Работната средба беше реализирана во врска со превземање на мерки и активности за безбедно отпочнување на учебната година, како и координација за реализација на едукативни и превентивни активности согласно проектот „Безбедност во училиштата“ со кои опфатени речиси сите теми од областа на превенција од социо-девијатни поведенија кај младите“- соопштија од МВР.

Средбите се во организација на отсекот за превенција при СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »