Петар Печков
Објавено: петок, 16 март 2018
На половина месец веќе ги нема лековите кои се препишуваат на рецепт, на товар на Фондот. Велешани реагираат оти веќе уште на 13-ти лековите кои им биле дадени како терапија, не можеле да ги најдат во аптеките. Фармацевтите им одговарале квотата заврши, го има само приватно. Празните полици со лекови пациентите посочуваат дека се пракса, не само овој месец, туку подолго.
Ми препишаа лекови за грло, цел град го прошетав ги нема. А денес е среда. Се случуваше претходно дека на крај не месец лекови на рецепти да нема, ама сега уште на половина месец. Нема на рецепти, но го има приватно - вели велешанец, кој беше ги прошетал сите аптеки но лек на товар на Фондот не најде. Помеѓу тоа да остане без терапија, или да се лекува, пациентите се приморани да го купуваат на приватно, по далеку повисока цена.
Ваквата состојба ја потврдува и претседателката на Здружението на приватни лекари од Македонија, д-р Лили Чолакова Дервишова.
На средина на месецот нема антибиотици, а некои спрејови ги нема уште од почеток на месец. Се враќаат пациенти, па мораше да поништувам рецепт да печатам нов, да се јавуваме во неколи аптеки, кои слични лекови ги имаат за патологијата на болниот. Затоа се пошегував дека нема лекови, нема спрејови и затоа ќе трерба да се вратиме назад во времето и да станеме бајачи - изјави др. Чолакова Дервишова за националните телевизии.
По реакциите на пациентите, Фондот за здравство најави зголемување на квотите.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија со цел да обезбеди доволно лекови за осигурениците одлучи да ги зголеми квотите за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптека, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ Ден Дончев. Мерката стапува во сила веднаш.
Tweet |