Петар Печков
Објавено: недела, 04 септември 2011
Анализата на ДНК од скелет на жртва на чума во средноевропски Лондон овозможи на научниците да дојдат до шокантно откритие – бактеријата на „црната смрт“ која уби 100 милиони луѓе во 14 век, се уште постои!
Телата на жртвите тогаш биле закопувани во заеднички гробници во Лондон и токму врз основ на нив било можно да се потврди дека дел од истиот генетски низ постои и денес, стотици години подоцна.
Се смета дека од чума настрадале една третина од жителите во Европа, за само првите пет години од епидемијата, од 1348 до 1353 година, пренесува „Дејли мејл“.
Научниците сега потврдија дека „јерсинија пестис“ (yersinia pestis) – бактерија која предизвикува чума денес е истата бактерија што ја предизвикала средновековната епидемија на чума во Европа.
Тестовите кои претходно биле вршени покажале присуство на таа бактерија во примери на средновековни биолошки материи, но тој факт се игнорирал. Истражувачите сметале дека тие примери едноставно биле контаминирани и затоа што современата бактерија се шири многу побавно и е далеку помалку смртоносна.
Сега истражувачите на Универзитетот на научна археологија во Тибинген и канадскиот Мекмастер Универзитет потврдија дека сличната бактерија е виновна за многу смртни случаи.
Тие издвоиле ДНК од 109 скелети и ја споредиле со 10 други скелети ексхумирани од уште постари гробишта, кои не се поврзани со „црната смрт“, што овозможило да се исклучи веројатноста за контаминација на тие примероци.
Авторот на извештајот Јоханес Крауз тврди дека „без сомневање“ причинителот за чумата познат како јерсинија пестис е истата бактерија која ја предизвикала средновековната чума.
Британскиот весник овој месец, врз основ на тврдењата на археологот Барни Слоун, пишуваше дека со векови глувците биле „дежурни виновници“ за ширење на „црната смрт“, но дека вистинските виновници се самите жртви и дека чумата се ширела од човек на човек во пренаселените средноевропски градови.
Ширењето на „црната смрт“ било засилено од нечистотијата во која се живеело во 14 век во Британија, пишува весникот „Дејли мејл“.Таа пандемија е една од најголемите во историјата која ја погодила Европа од 1348 ди 1350 година.
Експертите велат дека бројот на жителите по пандемијата од проценетите 450 милиони се намалил на 350 милиони во 1400 година. Во 1803 година, чумата се вратила и усмртила 38.000 жители на Лондон, потсетува „Дејли мејл“.
Минатата година научниците од Универзитетот Јохан Гутенберг во Мајнц, ја реконструирале маршрутата на ширење на епидемијата по Европа. Од ноември 1347 година, од Марсеј на средоземниот брег на Франција, каде стигнала со некој брод од Азија, се пренела на запад, а потоа на северот во земјата и подалеку во Англија, додека друг сој истовремено се ширел од Норвешка преку Фризија, област во северна Холандија.
превземено од Дејли мејл - Лондон
Tweet |