речник контакт

Средното училиште ,,Димитрие Чупоски,, и Месната индустрија ,,Агриа,, потпишаа меморандум за соработка

Учениците од струката ,,месопреработувач,, од есен ќе можат практичната настава да ја одржуваат во најголемиот производител на свинско месо и преработки во Македонија, Агриа

Петар Печков

Денес меморандум за соработка беше потпишан  помеѓу Средното училиште ,,Димитрие Чуповски,, и месната индустрија ,,Агриа,, од Велес. Така  учениците од струката ,,месопреработувач,, од ова велешко средно училиште, од есен ќе можат практичната настава да ја одржуваат во најголемиот производител на свинско месо и преработки во Македонија, компанијата ,,Агриа,,. 

Целта на оваа наша соработка е подобрување на практичната настава на учениците од соодветната струка, за образовниот профил месопреработувач . Тоа во пракса значи практичната настава преку училишната година да се изведува во оваа компанија, во реални услови . Така учениците ќе ги развијат  практичните вештини во вистинска средина каде има одлични услови за работа, со  високо стручен тим - истакна Маја Хеско, директорка   Средното училиште ,,Димитрие Чуповски,,.

Учениците  што ќе покажат  најдобро знаење и умеење во оваа струка,  по завршувањето на тригодишното  образование, ќе можат  да обезбедат и вработување.  Месната индустрија ,,Агриа,, е најголемиот производител на свинско месо и преработки во Македонија и таа има потреба од месопреработувачи, најави директорот Перо Колевски.

Ова е добар почеток и пример на соработка на стопанството и образованието.  На овој начин уште на 15 години возраст, учениците на почетокот на нивното образование,  ќе можат да доаѓаат на пракса и  по завршувањето на средното образование  да бидат подготвени да оговорат на  работните задачи.   Како Агриа сме подготвени на учениците да им обезбедиме соодветни  и добри услови за настава и пракса. Очекувам дека оваа соработка ќе се проширува а ако годинава имаме 6-7 ученика следната ќе имаме двојно повеќе.  Овој кадар, месо преработувачи е дефицитарен во земјава , ваква струка завршени средношколци има потреба во цела Македонија.    Агриа има сериозни планови за проширување, веќе следната година ќе имаме потреба од нови 60 до 70 вработувања и со соработката со средното училиште ,,Димитрие Чупоски,, ќе го обезбедиме тој кадар - кажа директорот Колевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »