речник контакт

Средношколец од Велес тужел и добил за бесплатен превоз до училиште во Штип

Тој не можел да се вози со превозникот кој бил одреден, туку морал со друг за што плаќал карта, па судот во Штип пресуди во негова корист

Петар Печков

Средношколец од Велес го  доби судскиот  процес  откако  го тужеше  средното медицинско училиште „Јане Сандански“ за бесплатниот превоз. Основниот суд во Штип донел пресуда во корист на ученикот, кој од училиштето барал околу 90.000 денари, да му се исплатат за  надомест превоз од неговиот дом до школото.

Образложението е дека  ученикот  превозот кој требало да го користи не го користел од практични причини, не можел да стигне за тој термин за  превозникот кој бил одреден, туку друг за кој морал да плаќа. Ова е прв судски процес против едно училиште за бесплатниот превоз. Во средното медицинско училиште во Штип  околу 400 ученици ги користат поволностите од бесплатниот превоз.

Општина Штип и средните регионални училишта имаат големи финансиски обврски за бесплатниот превоз за учениците кои доаѓаат од соседните градови,  и се жалат дека  токму општините од каде што доаѓаат овие ученици, немаат никаква финансиска обврска кон нив. Финансискиот товар  е само на Општина Штип.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »