речник контакт

Средствата за Питијадата се пренаменуваат за опрема на пожарникарите

Питијада есенва во Велес нема да има

Петар Печков

По катастрофалниот пожар што ја  зафати околината на  Велес и езеро Младост, градоначалникот на Велес, одлучи средствата од Питијадата да се пренаменат за пошумување  и набавка на опрема на пожарникарите. Најави дека е време е за промена на приоритетите, што вчера при посета на Велес го побара  премиерот Заев.

Одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи фестивалот на велешки пити и вино и средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме пред се кон санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини и обезбедување на професионална лична заштитна опрема за пожарникарите со цел да бидат поефикасни во гаснењето на пожарите -рече Коцевски, на прес конференција. 

Тој очекува одлуката да ја поддржат членовите на Советот на општината како и мнозинството граѓани на Велес.  Заради тоа што веќе биле најавени гости во терминот на Питијадата, тогаш ќе се организирала поефтина алтернативна манифестација. За терминот  на пошумувањето, кое Коцевски вели би било добро да биде околу 9-ти ноември, Денот на Општината,најави  музички хепенинг со учество на домашни изведувачи, кои би настапиле бесплатно, како поддршка за Велес.  Во Општинскиот Буџет биле предвидени 500 илјади денари за одржување на манифестација Фестивал на велешка пита и вино. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »