речник контакт

Српската Влада по две реакции на велешки Кристал, дозволи увоз на 33 тони маргарин, откако половина година имаше забрана

Одлуката на Владата на Република Србија е спротивна на одредбите на ЦЕФТА договорот за слободна трговија, бараме соодветно да реагирате со воведување на реципрочни мерки, бараат од Маслодајна

Петар Печков

По реакциите на велешки „Кристал 1923“  Српската Влада дозволи увоз на маргарин, но не и на масло за јадење. Претходно на 8 март годинава тамошната  Влада носи одлука за „квантитативно ограничување на увоз на земјоделски прехранбени производи“, меѓу нив и на маргаринот и маслото за јадење.

На 22 август  била добена дозвола за увоз  на 33 тони маргарин, за производство на лиснати теста. Дозвола за увоз на масло за јадење  и  натаму нема.

„Бидејќи Одлуката на Владата на Република Србија е спротивна на одредбите на ЦЕФТА договорот за слободна трговија,   бараме соодветно да реагирате со воведување на реципрочни мерки, или воведување на квоти за увоз на земјоделски прехранбени производи, маргарин и масло за јaдење до Република Србија “ – пишува во реакцијата на велешки Крисал до македонската Влада.

Откако неколку години Маслодајна  работеше  на извоз на маргаринот на пазарите во Србија и тој е во континуиран пораст, од 141 тон во 2021 лани стигнале до 317 тони. Годинава досега извозот е 112 тони маргарин.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »