Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2026
Српскиот државјанин М.П (39 год). кој возеше далеку побрзо од дозволената брзина доби три казни во Основен суд Неготино. За кривичното дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ доби алтернативна мерка - условна осуда со утврдена казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, парична казна во висина од илјада евра во денарска противвредност од шеесет и една илјада и петстотини денари и забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од една година на територијата на Република Северна Македонија, информираа од Основен суд Неготино.
Тој на 23 октомври во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, бил лишен од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15 јули годинава на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.
| Tweet |




