Петар Печков
Објавено: четврток, 11 февруари 2016
Во вторникот вечерта во Полициската станица Чашка бил пријавен физички напад врз жителка на населбата.
Според велешката полиција околу 21.30ч ч. во семејната куќа 41-годишен државјанин на Р.Србија физички нападнал 57- годишна жителка на Чашка. При тоа снажно ја удрил со рака по лицето, од што таа се здобила со телесна повреда.
Странскиот државјанин бил приведен во Полициско Одделение Чашка. Над истиот било извршено алкотестирање при што се констатирани 1,85 промили алкохол. СВР Велес работи на расветлување и документирање на настанот.
Tweet |