Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јули 2014
Седум лица биле донесени во велешката болница утрово околу 8,30 часот, по тешката сообраќајната несреќа која се случила на автопатот Велес – Гевгелија, кај Удово. Сите учесници во сообраќајката се државјани на Република Србија.
Од седумте повредени лица, едно осуммесечно бебе починало на пат кон Болницата. Две лица се во животно загрозувачка состојба со политрауми, додека кај четири има тешки телесни повреди, скршеници и набиеници . Откако се примени на хируршкото одделение, пружена има е помош и здравствена нега, констатирани се повредите, сите шест лица се пренесени на Ургентен Центар. Сите пациенти се од 20 до 34 години, а има и дете на пет годишна возраст. Природата на повредите бараше повисоко ниво на болничко згрижување и затоа сите се пренесени во Скопје – изјави д-р Силвана Мишкова портпарол на велешката болница.
Во животна опасност биле повредените мајката на починатото бебе М.Н (30 год) и сопатникот М.Н. ( 24 год), додека возачот таткото М.Д. (34 год) и петгодишниот син М.М се со скршеници. Неофицијално сите се со презиме Маринковиќ. Во второто возило повредени се двајца патници кои се здобиле со скршеници, возачот Р.Р ( 21 год) и сопатникот Г.Н. ( 20 год).
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава околу 07.20 часот на место викано „Арсова лака“ на патот помеѓу Демир Капија и Удово. До несереќата дошло по директен судир на два автомобили со српски регистарски таблички, „форд диеста“ и „шкода фабиа“. Едните оделе другите се враќале од одмор од Грција.
Tweet |