Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 јуни 2015
Српскиот министерот за труд и социјална политика Александар Вулин, денес ја посети Српската Спомен Костурница на паднатите Српски војници во велешкото село Караслари.
Тој заедно со амбасадорката во Скопје, Душанка Дивјак -Томиќ, положија цвеќе пред ова спомен обележје, кое е подигнато во чест на паднатите Српски војници од Првата Светска војна.
Од малкуте познати факти, тоа се војници кои загинале во битка кај Плетвар а биле погребани кај Караслари. Двајцата гости беа во придружба на велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.
Tweet |