Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 октомври 2012
Српскиот претседател Николиќ , кој беше во посета на земјава, заедно неговиот македонски колега и домаќин Иванов ја посетија винаријата Стоби. Тие беа запознаени со процесот на производство и со пласманот на виното кое завршува и во Србија но на светските пазари. Гостите беа пречекани од сопственикот на винаријата и АК Вардар од Градско Минчо Јорданов и од директорот на винаријата Дане Јованов.
Винаријата Стоби може да произведе 5 милиони литри вино годишно од кои 300 илјади литри се во буриња, комплетното количество е преработка од сопствените 600 хектари лозје кои даваат род од 8-9 милиони килограми грозје. Зградата на винаријата во која се вложени 18 милиони евра при изградбата и во технологијата, работи две години и е целина за чиј идеен проект архитектите ја имаат добиено биеналната награда на државно ниво.
Објектот опфаќа 5 сали за дегустација, сопствен ресторан и продавница на вино. Целокупната опрема во неа е со потекло од Италија, Франција и Германија. Винаријата има и винотека која е на површина од 400 метри квадратни, во 200 буриња.
Tweet |