Петар Печков
Објавено: вторник, 30 јуни 2026
Доцна попладнево се спречи проширување на активниот пожар кој започна во месноста наречена Трите дола и тој е ставен под контрола, информираше градоначалникот Марко Колев.
„Пожарот кој зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер се уште не е изгасен. Искрено жалам за настанатата штета“ – соопшти Колев на неговиот ФБ профил.
Тој упати благодарност до ТППЕ Велес кои со 16 пожарникари вршеа професионална интервенција, до општествено одговорната компанија Уни Агро кои со механизација придонесоа во акцијата и до сите кои се вклучија во гаснење и локализирање на пожарот.
Меѓу нив беа и доброволците од ДПД Бабуна од Чашка. Интервенираше и еден авион за гаснење пожари, ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.
фото Општина Велес
| Tweet |






