Петар Печков
Објавено: четврток, 24 декември 2015
Седумнаесет овци угинаа на стариот регионален пат Штип – Велес откако во нив удрило товарно возило. Несреќата се случила околу пладне, на патот меѓу селата Три чешми и Кадрифаково.
Во нив удрил шлепер кој возел од Штип кон Велес. Според сведоците возачот возел брзо. Овците преминувале преку патот, кога на нив налетал камионот.
Овчарот Исмаил Зиберот е во шок од тоа што се случило а глетката на патот е грозна. Во слична несреќа на оваа делница во 2010 година угинале 30, а во 2011-тта 11 овци.
фото:Телеграф.мк
Tweet |