Петар Печков
Објавено: среда, 12 јуни 2013
Пет илјади флаери ќе се поделат во домаќинствата во Велес, кои живеат во високо катниците и нискокатниците. Со нив тие ќе се едуцираат како да се заштитат да не дојде до пожари а се запознаваат и со Законот за оџаци.
Во флаерите е запишано како граѓаните да реагираат од моментот кога виделе оган до стигнувањето на пожарникарите. На овој начин сакаме да ги запознаеме станарите со сите моменти кои можат да предизвикаат појава на оган дома, поради неисправни инсталации и најчесто лошо поврзани грејни тела. Ги потсетуваме дека согласно Законот за оџаци треба најмалку три пати во текот на годината тие да се чистат и таму да ен се приклучува вентилација. Исто е и за индустријата чии парни котли треба редовно да се чистат, како и вентилацијата – вели Љупчо Лепидовски од Противпожарна единица.
Ова е проект кој го реализира Територијалната Противпожарна единица, Против пожарното доброволно друштво Видар и Општина Велес. Привичните реакции од граѓаните биле поволни и тие со интерес ги земале флаерите.
Tweet |