речник контакт

Станковска избрана за Јавен обвинител на подрачјето на ОЈО Велес

Таа во велешкото обвинителство е од 2011 година

Петар Печков

Советот за јавни обвинители денес на седница изврши избор за јавен обвинител на подрачјето на OJO  Велес.

За едно распишано слободно место, по конкурсот се пријавиле пет кандидати. Од нив избрана е Александра Станковска, која е дипломиран правник, со завршена Академија за судии и обвинители.

Таа во ОЈО Велес е од 2011 година како волонтер а од 2014 вработена како стручен соработник. За оваа позиција имаше најсилна конкуренција во Македонија оти за други градови имаше по еден или двајца пријавени.

Станковска од петмината кандидати беше најдобро -прво рангирана. Таа заклетва ќе положи на први јуни. Со неа велешкото јавно обвинителство брои седум обвинители и сите се жени.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »