Петар Печков
Објавено: недела, 09 јуни 2024
На плоштад Којник, саботата среде ден, на пладне, физички нападнат старец, кој се здобил со тешки телесни повреди. Детали од информацијата на СВР Велес.
„На 8 јуни во 16 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес лишен од слобода е Д.С.(43 год) од Велес бидејќи на место викано „Којник“ по претходна расправија на Б.А.(74 год) од Велес со тврд предмет му нанел тешки телесни повреди констатирани во Општа Болница Велес“ – информира Тања Ѓуровска од СВР Велес..
Пријавениот бил задржан во полициска станица Велес, за настанот бил известен Јавен обинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Примено е лице кој се жалело на повреда на рака. По извршени снимања, констатирана е повреда на лакот, дадена е здравствена нега, задржан во болница и денес (недела) пуштен е дома“- соопшти Марија Трајковска, главна сестра на Општа болница Велес.
Tweet |