Петар Печков
Објавено: четврток, 18 февруари 2010
Старец паднал од четврти кат но останал жив, информираат од велешката полиција. Несреќата се случила вчеравечер околу 18,00 часот во зграда повеќекатница лоцирана на улица 11ти Октомври број 26 во Велес, каде лицето Демир. С. (69) од Велес паднало од четврти кат од меѓупросторот на скалите сместени во ходникот од зградата.
Во тие моменти во зградата немало струја. Лицето Демир. С. веднаш е пренесено во Медицински центар Велес каде по укажаната лекарска помош и констатирани скршеници, истиот е префрлен во Ургентен центар Скопје заради санирање на повредите но не бил во животна опасност.
Tweet |