речник контакт

Старец чувал и одгледувал марихуана, во село Крајници

Одземени биле околу 130 стебла oд растението – канабис сатива. При претресот на домот пронајдени се околу 2,5 килограми марихуана

Петар Печков

Велешката полиција открила случај, во кој 67 годишник чувал и одгледувал марихуана. Ја пронашле во село Крајници, кое е на границата помежу општините Чашка и Градско. 

Средата на  29 август  во село Крајници – велешко при претрес на домот и имотот на лицето Т.К.(67) пронајдени и одземени се околу 130 стебла oд растението – канабис сатива од кое се произведува опојната дрога - марихуана. При претресот на домот пронајдени се и четири вреќи полни со истото растение и педесеттина помали кеси со истото растение во исушена форма со тежина од околу 2,5 килограми - информираа од СВР Велес.

Најавија дека против лицето ке биде поднесена соодветна Кривична пријава до Основен суд – Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »