Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јули 2015
По завршувањето на проектот за комплетна реконструкција на уличното осветлување во Велес и замена на живините сијалици со нови економични натриумови, локалната власт се погрижи за старите, согласно законската регулатива. На 15 јули годинава Општина Велес изврши предавање на 109 кг. опасен отпад, кој е згрижен согласно обврските од Законот за управување со отпадот.
Општина Велес спроведе повеќе активности за соодветно ракување, обележување на искористените светилки како опасен отпад, нивно пакување и времено складирање во соодветен и безбеден простор. По спроведена постапка за избор на овластен постапувач со опасен отпад, Општина Велес склучи договор за негово собирање и транспорт со ЕКО ТЕАМ ДОО Скопје, кој поседува дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање- - велат од локалната власт.
Tweet |