Петар Печков
Објавено: четврток, 04 септември 2014
Од Велес тргна дружењето на младите, учениците основци преку „Традиционални спортски игри -Спортски Бон-Тон". Околу 150 учесници од шест општини, домаќинот Велес, Карпош, Маврово- Ростуше, Ново Село, Охрид и на Свети Николе играа некои стари позаборавени игри, кои ги играле нивните родители.
Тоа што децата ќе го научат во спортот ќе им треба за натамошниот живот. Да се успее, да се почитува противникот, правилата. Нивниот противник е нивно другарче. Преку овие игри, во новото интернет време, ги потсетуваме децата на вредностите кои ги имавме ние, преку спортот да ја научат реалноста. Како ќе растат така да продолжат дружењето – рече претседателот Ѓорге Иванов, кој ги отвори овие игри.
Тука беше и американскиот амбасадор Пол Волерс, кој повеќето игри ги препозна, дека и тој растел со нив во Америка, само под други имиња. Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев препорача некои стари игри, кои ги немаше да се приклучат во иднина, но и да се брендираат.
Целта на проектот е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.
Проектот се одржува трета година по ред, е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, има за цел да влијае за надминување на стереотипите и предрасудите, и суштински да придонесе за градење на дух на толеранција, заедништво и почитување кај младите во Република Македонија.
Носителот на проектот е Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал" – Скопје. Овој проект се реализира трета година по ред
Tweet |