Петар Печков
Објавено: петок, 02 февруари 2018
Четвртокот навечер, во дом на велешанка, засега непознат разбојник ја ограбил старицата и физички ја нападнал. МВР излезе со официјална информација за настанот.
На 01.02.2018 година, во периодот од 21.30 до 23.00 часот, во куќата сопственост на Е.Ј. (80) на ул. „Д.Андонов-Папрадишки“ во населба Речани-Велес, непознат сторител извршил разбојништво над неа. Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел 9.000 денари, по што побегнал во непознат правец - пишува во писменото соопштение на МВР
Полицијата најавува дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Tweet |