Петар Печков
Објавено: вторник, 02 септември 2014
Во неделата стартуваше првенството на Третата лига југ, во која се натпреваруваат 12 екипи, меѓу нив и три велешки, Бабуна од Мартолци, Превалец и Борец 2009-та.
Во првото коло победи забележаа екипите на Превалец и бабуна а пораз за Борец. Превалец ја постигна највисоката победа и тоа од 6:0 против екипата на Големо Коњари, со што го зазеде врвот по еден одигран натпревар. Бабуна исто така на домашен терен славеше со сигурни 4:1 против екипата на Млекар, додека Борец на гостувањето во Јосифово загуби од Црвена Звезда со 3:0.
Tweet |