речник контакт

Старт на новото првенство со пораз за велешки ФК Борец

ФК РАБОТНИЧКИ : ФК БОРЕЦ 1:0 (1:0)

Петар Печков

Новата сезона од фудбалското првенство 2021/22 велешките фудбалери ја започнаа со пораз. Загубија на стартот на арената Тоше Проевски во Скопје од ФК Работнички со 1:0.

Голот домашните го постигнаа преку Ристевски во 31 минута, по нафрлена топка од скратен корнер, а одбраната на велешани не реагираше,  и  домашниот фудбалер во налет, ја смести топката во мрежата на велешани.

Во следното коло, в недела на Градски во Велес гостува новиот прволигаш ФК Тиквеш од Кавадарци, кој во првото коло одигра нерешено дома, со шампионот ФК Шкендија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »